Оваа грешка го претвора медот во отров, а многумина ја прават

Точка

22/05/2025

21:13

2.545

Големина на фонт

а а а

Светски експерти од областа на здравата исхрана предупредуваат дека со медот, кој инаку важи за здрава намирница, не смее да се претерува.

Според нивното мислење, младите не би требало да внесуваат повеќе од две до три лажички од овој сладок нектар дневно, додека на лица кои страдаат од одредени заболувања не им се препорачува повеќе од една лажица дневно.

Лица со прекумерна телесна тежина, како и оние кои боледуваат од дијабетес, артеросклероза или хипертензија, мора да бидат особено внимателни при консумирање на оваа намирница.

Нутриционистите исто така предупредуваат дека секој може да биде алергичен на мед, без разлика на возраста.


Медот содржи киселини и супстанции кои можат да го иритираат желудникот, па прекумерната консумација може да предизвика гастритис, па дури и чир.

Една од најчестите и најопасни грешки е додавање мед во врел чај.

Ако медот се додаде во зовриена вода, ги губи своите корисни својства и притоа создава токсични супстанции. При подготовка на чај, медот не треба да се става во врела течност, туку дури откако таа ќе се олади и стане млака. Температурата на водата не смее да надмине 40 степени Целзиусови.


„Медот во зовриена вода создава хидроксиметилфурфурал, кој е отровен“, предупредуваат стручњаците.

Хидроксиметилфурфурал е органско соединение што настанува при разградување на шеќери (фруктоза и гликоза) на високи температури, како што се варење, пржење или карамелизирање.

Во контекст на медот, "HMF" се создава кога медот се прегрева (на пример, при додавање во зовриена вода) или при неправилно и подолго складирање.

Високо ниво на "HMF" може да укаже на деградација на квалитетот на медот, а во поголеми количини се смета за штетно по здравјето.