[ВИДЕО] „Netflix“ ја објави листата на 5-те најгледани серии на сите времиња: На списокот се најде и приказната за момчето кое го потресе светот

Точка

28/05/2025

10:00

2.919

Големина на фонт

а а а

Пристигнаа најновите податоци од „Netflix“ за најгледаните содржини. Иако стриминг сервисот од месец за месец ја шири својата понуда, само ретки серии успеваат да ги срушат рекордите на гледаност.

Само една серија од 2025 година успеала да привлече толку голем број гледачи и да се искачи меѓу најгледаните, а станува збор за серијата „Adolescence“ која ја привлекла публиката благодарение на важноста и распространетоста на темите со кои се занимава.

На првото место е серијата која на „Netflix“ пристигна во 2022 година, а станува збор за „Wednesday“ која ја следи приказната на Среда Адамс (Џена Ортега), додека се обидува да реши мистериозни убиства во интернатот којшто е училиште за ученици со посебни моќи.

Голем број од гледачите ги привлече оваа серија заради фактот што дури четири од осумте епизоди ги режирал Тим Бартон, а тоа воедно бил и неговиот прв голем телевизиски проект.

На второто место се наоѓа серијата „Stranger Things 4“. Четвртата сезона од серијата беше промовирана во 2022 година, а дејството се одвива во март 1986 година, осум месеци по настаните од третата сезона. Главниот заплет вклучува низа мистериозни убиства, обвинение против Еди Мансон и борба против новиот непријател, суштество по име Венк.

На третото место се најде „Adolescence“. Оваа британска криминалистичка мини-серија од 2025 година го следи 13-годишниот тинејџер Џејми Милер (Овен Купер) којшто е обвинет за убиство на другарката од училиште. Серијата го следи глобалниот феномен благодарение на неколку клучни фактори: актуелна тема, техничка изведба и исклучителна актерска интерпретација.

На четвртото место е „Dahmer – Monster: The Jeffrey Dahmer Story“. Серијата го прикажува животот на злогласниот сериски убиец Џефри Дамер којшто го толкува Еван Питерс. Дејството детално го прикажува неговото детство, нарушувања, злосторства и односи со семејството како и системските пропусти кои му овозможиле низ годините да остане неоткриен.

Серијата е позната по мрачната атмосфера и моќните актерски остварувања, но предизвикала бројни конфликти поради приказот на реалните жртви и општествени проблеми.

Петтото место го зазема „Bridgerton“. Првата сезона од серијата и натаму е ненадминлива. Снимена е по романите на Џулија Квин и набрзо по премиерата станала најгледаната серија на „Netflix“ во историјата.

Првата сезона го следи животот на најстарата ќерка од угледното семејство која влегува во високото општество на Лондон и склопува договорена врска со тајниот војвода Сајмон за двајцата да ги избегнат притисоците од околината. Нивната лажна романса набрзо станува вистинска љубов.