Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека на 31.5.2025 година (сабота), со почеток во 00.00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулациски0 вентил, како и поврзување на постојниот магистрален цевковод ф 1600 мм кај Железара со постојниот магистрален цевковод ф 700 мм на булеварот Александар Македонски, кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф 1600 мм, преку новопредвидениот магистрален цевковод ф 700мм, кој ќе биде поставен по должинта на новопредвидениот булевар Хрватска.
Оваа акција се очекува да заврши за помалку од 15 часа, од кои најмногу часови се одвојуваат за празнење и полнење на магистралниот цевковод, велат надлежните.
Токму поради ова, како што соопштија, со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово, булеварот Босна и Херцеговина, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда – само висока зона, Железара и Бутел 1.