[ФОТО] Рекордна посетеност на „Охрид Мол, 20.000 посетители за само 7 часа од отворањето

Точка

29/05/2025

22:25

5.581

Големина на фонт

а а а

Новиот трговскиот центар „Охрид Мол“, кој свечено беше отворен вчера во Охрид, веќе бележи извонредна посетеност. Имено, за само 7 часа од отворањето „Охрид Мол“ го посетиле 20.000 луѓе, што само ги потврдува предвидувањата дека овој модерен деловен комплекс има потенцијал да стане новиот центар на градот.

Освен рекордна посетеност, забележани се и рекордно високи промети на закупците во „Охрид Мол“ кој отвора нова ера за локалната заедница со визија да прерасне во двигател на економијата и туризмот.


Новиот трговски центар во Охрид концептуално е осмислен да ги задоволи најразличните потреби на купувачите. Дел од „Охрид Мол“ се познати светски брендови и препознатливи домашни компании. Освен незаборавно шопинг исксутво, трговскиот центар нуди и богата гастрономска понуда, специјален простор за забава на најмладите, дополнителни содржини и паркинг за над 200 возила што го прави овој трговски центар пристапен за сите.


„Охрид Мол“ плени со својот дизајн и опрема, достојни за многу големи метрополи. Тој несомнено ќе претставува додадена вредност на туризмот во регион и ќе придонесе за привлекување како домашни така и странски гости.


Комерцијален текст