[ВИДЕО] На водителка среде пренос во живо ѝ пукнал водењакот, таа продолжила да ги води вестите

Точка

28/05/2025

19:21

637

Големина на фонт

а а а

Водителката на утринските вести на една телевизиска програма во Њујорк добила контракции во раните утрински часови – но помалку од два часа подоцна, таа сè уште ја водела утринската емисија.

Оливија Џаквит, водителка на утринските вести за WRGB-TV CBS6, ја водела информативната програма во 6 часот наутро откако ѝ пукнал водењакот околу 4:15 часот наутро, пренесува „О6 Њуз“.

„Имаме некои најнови вести утрово, буквално“, рекла колешката Џулијан Дан на почетокот од емисијата.

„На Оливија ѝ пукна водењакот“

Џаквит рекла дека тоа бил самиот почеток на породувањето, бидејќи нејзините контракции сè уште биле ретки, и решила да ја води целата емисија пред да оди во болница.

Во аголот на екранот имаше тајмер за одбројување кој покажуваше дека поминале два дена од терминот на Оливија.

Водителката во февруари објави дека таа и нејзиниот сопруг го очекуваат своето прво дете, а уредникот на вестите Стоун Грисом по емисијата им честитал за приновата.

„Не можеме да бидеме посреќни за нив. Од објавувањето на нивната бременост во живо претходно оваа година, до трчањето полумаратон додека беше бремена, Оливија се движеше низ секој чекор од ова патување со грациозност и решителност. Денес не беше исклучок“, рекол тој.

„Страста на Оливија за раскажување приказни, љубовта кон нејзиниот роден град и посветеноста на нашите гледачи отсекогаш биле очигледни. Возбудени сме што наскоро ќе го пречекаме нашиот најнов (и најмлад) член“, додал.