[ФОТО] Коси трева и заработува 90.000 долари месечно: Се шета гола низ фармата, а клиентите бараат да прави бизарни нешта

Точка

25/05/2025

12:26

5.059

Големина на фонт

а а а

Мајка од руралниот дел на австралиската држава Викторија, Австралија, Хани Брукс, истовремено снима видеа за „Онлифенс“ и работи на фарма. Но, таа го прави сето тоа или оскудно облечена или целосно гола.

Заработката на оваа атрактивна жена од Австралија достигнува и до 90.000 американски долари месечно, а успеа да ја освои публиката со исклучително провокативни снимки на кои коси трева, сади растенија, ги шета кучињата или се грижи за животните на фармата – сето тоа додека ја покажува својата „палава страна“, како што рече самата.


Хани го води овој бизнис од 2021 година, кога ја напуштила претходната кариера во дигиталниот маркетинг. Веќе во првите три месеци на „Онлифенс“, заработила 10.000 долари, а како што се зголемувала содржината што таа ја објавувала растел и интересот, па така и заработката експоненцијално се зголемила.


Инаку таа го „води бизнисот“ со целосна поддршка од нејзиниот сопруг Хенк, кој работи во рударскиот сектор. Кога е дома, учествува во снимањето на содржината, а нивните две деца на училишна возраст сè уште не се свесни за вистинската природа на работата со која се занимаваат нивните родители.

„Тие знаат дека работам на социјалните мрежи и снимам за ТикТок, но не знаат ништо за деталите. Кога ќе дојде време, отворено ќе разговараме со нив, секако кога ќе бидат доволно зрели да разберат“, рече Хани.


И покрај предизвиците на руралниот живот, таа успева да го држи „своето занимање“ подалеку од локалната заедница.

„Во помалите места, сите знаат сè, па затоа сум многу внимателна кому кажувам со што се занимавам. Научив дека не мора секој да знае сè“, објасни таа.


Инаку нејзиниот ден започнува рано – со кафе и подготовка на децата за училиште. Откако ќе ја среди куќата, почнува со снимање персонализирана содржина, вклучително и видеоповици со клиенти. Потоа излегува на фармата, каде што извршува земјоделски работи и истовремено снима видеа.

„Понекогаш снимам додека ги шетам кучињата, понекогаш додека собирам јајца од кокошарникот или ги проверувам кравите. Сето ова се секојдневни работи што инаку би ги правела – само со дополнителна доза палавост“, раскажа Австралијката.

Нејзините претплатници доаѓаат од различни средини.


„Имам следбеници кои се момчиња од село и ги сакаат девојките од фарми, но исто така и мажи од градови кои ја сакаат природата, но немаат можност често да престојуваат во неа. Преку мене, тие ја стекнуваат таа врска со природата“, рече Брукс.

Покрај стандардната содржина, Хани добива и специфични барања од клиентите – од снимки во кои е облечена, до прошетка низ кал или масажа на стапала. Некои барања ја изненадиле.

„Еднаш морав да запалам цигара додека бев целосно облечена – без да зборувам. Тоа беше малку необично за мене, но секој има свој вкус“, откри таа.