Џанлуиџи Буфон веќе некое време е дел од италијанската фудбалска репрезентација како составен дел од целокупниот тим на Лучијано Спалети, а како легенда која се грижи за најдобра промоција на фудбалот, сега излезе со еден став кој брзо предизвика многу позитивни реакции на чизмата.
Популарниот Џиџи застана во одбрана на традиционалниот дефанзивен фудбал на Италијанците и побара од сите фудбалски работници да се вратат на своите основи, бидејќи форсирањето на модерен и ултра офанзивен фудбал не е она што прилега на историјата на „аѕурите“.
– Веќе 20 години делуваме како земја која се срами од тоа што е. 20 години чувствувам дека се обидуваме да играме како Шпанија, а со тоа ја отфрламе нашата историја.
– Поради таков пристап, талентите во Италија се почесто исчезнуваат, се доведовме во ситуација играчи како Канаваро и Ферара да бидат отфрлени од тренерите. Кјелини не би играл денеска во Италија бидејќи не знае да даде пас во празно……
– Сите ја гледаат Барселона и плаќаме влезници да ја гледаме Барселона, но да мислиме дека и ние можеме да играме со така високо поставена дефанзива на средината на теренот е нелогично. Историските натпревари на Италија се базираат на бранење до смрт, на играње на резултат и на заедништво на тимот. Сега делуваме како земја која нема да биде прифатена во општеството ако не игра според модерните стандарди. Целта треба да биде јасна. Сакам да излезам на теренот и да победам, нема зошто да се срамиме од нашите вештини и нашите квалитети, – потенцира Буфон.