Јанис би можел да се пресели во Бостон Селтикс

Макфакс

31/05/2025

14:08

420

Големина на фонт

а а а

Еден од водечките „инсајдери“ во НБА и аналитичар на мрежата „EСПН“, Брајан Виндхорст, објави размена која, како трансферот на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс, повторно ќе го потресе кошаркарскиот свет.

Виндхорст тврди дека Бостон Селтикс ќе се обидат да преговараат за размена со Милвоки Бакс, во која двократниот МВП Јанис Адетокумбо би се преселил од Висконсин во Масачусетс.

Што би можеле да понудат Селтикс за Јанис? Па, веројатно една од двете суперѕвезди, Џејлен Браун или сериозно повредениот Џејсон Тејтум, и веројатно некој пик од драфтот.

„Мора да пронајдете тимови кои би можеле да направат размена за Јанис што Бакс би ја прифатиле, но во исто време би морало да биде кандидат за титулата. Мислам дека Бостон е на таа листа. И мислам дека Њујорк е на таа листа“, рече Виндхорст во емисијата „Get Up“.

„Секако дека нема да биде лесно, како и секогаш кога директните ривали се обидуваат да преговараат за размена и тоа е реалноста. Но, постојат тимови на Истокот кои имаат доволен капацитет за таква размена“, додаде тој.

Откако ја освоија шампионската титула во 2022 година, Бакс се во хронична резултатска криза, која продолжи и оваа сезона со елиминација во првото коло од плејофот.

Адетокунбо ја заврши сезоната втор во лигата по постигнати поени, во просек 30,4, а беше шести според бројот на скокови, 11,9 скокови.