[ВИДЕО] Бизарно апсење на поранешниот УФЦ шампион: Полицајците го влечеле од кревет

Точка

29/05/2025

13:32

1.444

Големина на фонт

а а а

Поранешниот УФЦ шампион, Би Џеј Пен, објави снимка од неговата бизарна средба со полицијата на Хаваи, откако бил извлечен од кревет и уапсен за време на викендот.

Според „TMZ Sports“, Пен, кој освои титули во две тежински категории со промоцијата на MMA, бил приведен во затворот Хил околу 21:40 часот во недела под обвинение за „малтретирање на семејството: насилен физички контакт“.

Полициските записи на Хаваите покажуваат дека 46-годишникот бил ослободен со кауција од 2.000 долари во понеделникот во 1:48 часот наутро, иако други детали за апсењето сè уште не се достапни.

Нешто повеќе од 24 часа по неговото апсење, Пен објави снимка на неговата Инстаграм приказна на која може да се види неговата средба со полицајците во кревет на неговиот имот на Хаваи.

Неколку полицајци можат да се видат како се обидуваат да го извлечат поранешниот крал во лесна и велтер категорија од кревет, велејќи му дека е уапсен поради „вознемирување“.

Пен, кој можеше да се слушне како бара да се повика „полицаец што го познава“ за да се смири ситуацијата, не сакаше да оди со полицајците и постојано изразуваше збунетост поради она што се случило.

Инаку инцидентот го снимил освојувачот на црн појас во бразилското џиу-џицу, Пит „Грк“ Лецос, кој истовремено бараше да дознае зошто неговиот пријател е уапсен.

Инаку, Пен во последните години повеќе пати се соочи со правни проблеми, а неодамна изнесе необично тврдење дека членовите на неговото семејство биле убиени и заменети со „лажни измамници“.