Под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, ПетФест 2025 ќе се одржи во недела, 1ви јуни 2025, во Паркот на Франкофонија, Градски парк Скопје, со почеток во 10:00 часот. Влезот е слободен.
Учествуваат докажани професионалци од сите сфери на милениците од сите градови од Македонија и од соседството. Пет индустријата ќе ги прикаже своите достигнувања во ветеринарната медицина и фармакологија, европски и светски кинолошки шампиони, службени кучиња од единицата на МВР К9, дресура на млади кучиња, хендлинг професори, стилисти за миленици, дегустација на храна и на сокови за кучиња, добитници на награди со мачки, соколари и одгледувачи на големи папагали, автохтони македонски раси македонски паничар, шарпланинец и караман, зоолошка градина на средното ветеринарно училиште ...
Целосниот настан е исполнет со многу изненадувања како Забавни игри и активности за миленичиња, Едукативни работилници за деца и возрасни, Награди на натпревари: Look alike, Најдремко, Опасен поглед, Изложбена Пет Арт Галерија и детско ликовно катче, Food Corner (храна и пијалоци) …
Ве молиме почитувајте го куќниот ред на настанот : држете ги милениците на поводник, понесете ќесички и исчистете после нив, сите кучиња мора да бидат чипирани и вакцинирани …
За повеќе информации и детали за програмата, посетете го официјалниот сајт: petfest.mk.