Побрзо ќе се стигнува во Грција – Нови мерки на границата што ќе ги воодушеват туристите

Денар

29/05/2025

20:36

6.297

Големина на фонт

а а а

На граничниот премин Дојран работат два нови контролни пунктови и отворени се уште две сообраќајни ленти за влез и излез од земјата.

Граничниот премин Дојран работи веќе неколку дена со два нови контролни пунктови и две новоотворени ленти за минување, што значително го подобрува протокот на патници и возила. Новите капацитети овозможуваат побрзо и поефикасно минување, особено во време на зголемен сообраќај, беше објавено на платформата „Пат за Грција“.

Ова е добра вест за сите што планираат одмор во Грција, бидејќи би можело да се намалат долгите колоно на границата, особено за туристите од надвор од Македонија кои во изминативе години сè почесто го користат овој граничен премин.


Дополнително, најавени се промени и на граничниот премин Богородица.

Имено, ќе биде полесно да се премине на граничниот премин на Богородица. Првата причина е што Грците ги отворија рампите кон Бугарија и е можно да се помине без запирање, а втората е што официјална Атина планира да го прошири овој граничен премин.

Доколку правите пауза на патот кон Грција, Дојран може да биде одлично место за кафе или ручек.

Извор: Денар.мк