Откриено зошто мажите трошат пари на "OnlyFans" – одговорот ќе ве изненади

Точка

30/05/2025

14:41

1.064

Големина на фонт

а а а

Мажите кои копнеат по внимание трошат огромни суми пари на своите омилени модели на "OnlyFans" — не поради 18+ содржини или онлајн интимни врски, туку поради едноставен разговор.

Според новиот извештај на "Supercreator", дури 78% од разговорите помеѓу креаторите и нивните најголеми потрошувачи се одвиваат околу теми кои немаат врска со секс. Најчестите теми? Домашни миленици, работа, детски спомени, ТВ серии, хобија — сè она за што, наводно, не можат да разговараат со своите вистински партнери.


Што најмногу ги интересира мажите на "OnlyFans"?

Софи Рејн, ѕвезда на "OnlyFans", вели дека нејзиниот најголем обожавател Чарли, оженет Американец, потрошил над 6 милиони долари на неа во период од две години — и ретко побарал разголени фотографии.

„Разговараме секој ден, без исклучок“, вели Софи.

„Чарли, кој живее во САД и е во брак, ми испраќа гласовни пораки, ме прашува како ми минува денот, сака да ме запознае на лично ниво. Повеќе сум му емотивна поддршка. Луѓето мислат дека оние што плаќаат многу бараат перверзии. Но интересно е што тој повеќе сака да ме гледа целосно облечена како ги извршувам секојдневните задачи“, додава таа.


Седумте најчести теми на "OnlyFans" според извештајот:

1. Роден град и спомени од детството

2. Работа

3. Хобија

4. Домашни миленици

5. Последни патувања и објави на моделите

6. ТВ серии, филмови и книги

7. Фитнес и вежбање



„Голотија е лесно достапна, но вниманието не е“

Извршниот директор на "Supercreator", Јувал, го нагласува овој тренд:

„Спротивно на популарното мислење, нашите податоци покажуваат дека најголемите потрошувачи на "OnlyFans" не бараат само експлицитна содржина — тие бараат емотивна поврзаност“, вели тој.

„Голотијата е лесно достапна на интернет, но смислено, доследно внимание од вашата идеална креаторка? Тоа е она што создава лојалност и приходи“, додава тој.

Така нареченото „девојка-искуство“, кое некои креаторки го нудат, носи голема заработка.

На пример, Бразилкат Баби Паломас наплатила дури 30.000 долари за да биде „сурогат-сопруга“ за осамени оженети мажи — дигитално, секако.

„Извршувам задачи кои обичните сопруги често ги избегнуваат, како на пример да гледам фудбалски натпревар без да се жалам. Многу мажи кои се во брак и имаат семејство се чувствуваат осамено и им значи тоа што имаат некоја со која можат да ги споделат овие активности“, изјавила таа за "Jam Press".