Една од најздравите земји за живот – таму живеат 400.000 луѓе, посилни од сите сурови услови

Точка

28/05/2025

18:06

3.877

Големина на фонт

а а а

Исланд е земјата која со години го зазема водечкото место на ранг-листата за најсреќни земји.

Ова без сомнеж е единствената земја каде животот мора да биде приспособен на суровите услови кои владеат таму.

Обновлива енергија и ниско загадување

Енергетскиот сектор на Исланд е целосно основан на обновливи извори на енергија. Клучна улога има хидроенергијата, односно користењето на енергијата од водата за произведување на електричната енергија.

Геотермалните извори се користат за произведување на топлинска енергија. Како резултат на тоа, Исланѓаните не емитуваат штетни загадувачи во атмосферата, што без сомнеж има големо влијание на нивната долговечност и високо ниво на здравјето.


Тајните на исландската исхрана

Климатските и географски услови на Исланд значат дека неговите жители мора да се потпираат на локалните ресурси. Исландската кујна се фокусира на едноставност. Рибата, морските плодови и јадењата од јагне имаат значајна улога во исхраната.

Покрај тоа, тука се и висококвалитетните млечни производи од крава и овца кои доаѓаат од таму. Кратката вегетациска сезона значи дека зеленчукот и овошјето често се одгледуваат со минимална употреба на пестициди.

Жешки купки во геотермални базени

Еден од природните ресурси на Исланд се геотермалните извори. Поради тоа многу популарен облик на поминување на слободното време е посетување на парните бањи и геотермални базени. Овој вид третман ја подобрува циркулацијата на крвта и целокупното функционирање на телото, ја поддржува регенерацијата на мускулите и го намалува стресот. Престојот во таквите води може да има поволен ефект на состојбата на вашата кожа и да помогне при многу тегоби.


Физичката активност е важен дел од секојдневниот живот

Во текот на летото, Исланд има над 20 часа светлина. Од друга страна, деновите се многу кратки и траат само неколку часа. Зимите се особено проблематични кога жителите немаат контакт со сонцето. Заради тоа депресијата била прилично чест проблем во оваа земја.

Еден од начините да се справите со зимската депресија е физичката активност. Спортската култура е на високо ниво на Исланд. Многу од луѓето одат на редовни тренинзи за сила во теретана, но одат и на пливање.

Моќни општествени врски и љубов кон забавите

Помалку од 400.000 луѓе секојдневно живеат на Исланд. Со оглед на малиот број на жители на Исланд, цврстите општествени врски имаат важна улога. Тие не ги избегнуваат ни забавите, тоа им помага да ги преживеат посебно суровите зими.


Родова рамноправност и социјална политика

Исланд години наназад е рангиран на првото место на глобалниот индекс на еднаквост. Во 2023 година земјата постигнала 91,2 проценти во работна рамноправност и најблиска е до постигнување на резултат од 100 отсто.

Старосната граница за пензионирање за жените и мажите е еднаква и изнесува 67 години. И жените и мажите имаат право на породилно или татковско отсуство.