[ФОТО/ВИДЕО] Купила туна за да му направи ручек на своето дете: „Оваа мајка речиси се онесвестила кога ја отворила конзервата, грозоморна сцена!“

Точка

05/06/2025

10:26

5.926

Големина на фонт

а а а

Бетани Брајсон од Единбург ја споделила приказната со британските медиуми по шокантното искуство што го доживеала.

Таа купила пакет туна во продавницата на познат синџир маркети, не знаејќи какво (непријатно) изненадување ја чека.

„Бев во шок“

Меѓутоа, штом зела една конзерва, тврди таа, видела еден куп црви.

„Бев во шок. Кожата ми се наежи. Не направив ништо, конзервата веќе беше отворена и имаше црви што пловат насекаде! Ми се слоши. Никогаш повеќе во животот нема да ја допрам туната. Се чувствував одвратно“, рекла младата мајка.

Неопислива смрдеа

Таа ја опишала ужасната смрдеа што ја почувствувала, пренесува британски „Метро“.

„Туната не мириса убаво ниту кога е свежа. Ова не беше смрдеа на расипана риба, ништо слично. Беше силно, одвратно“, додала таа.

Бетани контактирала со синџирот продавници и ѝ било кажано дека сите конзерви веднаш ќе бидат отстранети од полиците. Ја замолиле да ја донесе конзервата за тестирање и ѝ бил понуден ваучер, како гест на добра волја.

„Не сакам детето да се разболи“

„Не бев задоволна од одговорот. Планирав да му ја дадам туната на моето дете. Тоа е неприфатливо. Хадсон сака да ползи по подот, а не знам дали таму завршил црв. Не сакам да се разболи“, рекла таа.

Компанијата се извинила и објаснила дека конзервата најверојатно била оштетена во текот на пакувањето или транспортот, во рамките на синџирот на снабдување.

„Оштетувањето овозможило контаминација и расипување на содржината. Безбедноста на нашите потрошувачи и квалитетот на производот се наши највисоки приоритети и овој инцидент го сфаќаме исклучително сериозно“, се вели во соопштението.