Навивач на Велс паднал од горниот дел на трибината во Брисел додека го славел голот за израмнување

Дерби

10/06/2025

10:53

120

Големина на фонт

а а а

Велс вчера за малку ќе направеше сензација во Брисел, враќајќи се од голема негатива против фаворитот Белгија во рамките на квалификациската група во која настапува и Македонија.

Избраниците на Крег Белами се вратија од три гола негатива, за на крајот Кевин де Брујне во самиот финиш да ги постави конечните 4:3 за прва победа на Белгија во овој квалификациски циклус.

Еден од гостинските навивачи можеше скапо да го плати еуфоричното славење на голот за израмнување на 3:3, бидејќи паднал од горниот на долниот дел од трибината на стадионот во Брисел.

Лекарска екипа веднаш го прегледала и пренела во најблиската болница, па за среќа велшкиот фан поминал само со повреда на грбот и ќе може да се врати во својата земја.

Велс имал поддршка од 4.500 фанови во Белгија, а федерацијата го потврди инцидентот.

Истиот се случи само еден откако еден германски фан го загуби животот, паѓајќи од трибината на „Алијанц“, за време на финалето на Лигата на нации меѓу Шпанија и Португалија.