[ФОТО] Само тој може да носи вакво нешто: Бред Пит не само што е чекор пред младите, туку поставува и трендови во модата

Супермен

10/06/2025

16:00

1.085

Големина на фонт

а а а

Бред Пит уште еднаш докажа дека со текот на времето има само повеќе стил, шарм и дека сѐ уште многу лесно може да направи сите погледи да бидат насочени кон него.

Славниот холивудски актер бил во Мексико Сити на промоција на својот нов филм „F1“ во којшто ја толкува главната улога на поранешен возач на Формула 1 којшто се враќа на патеките.


На настанот, секако дека присуствувала целата екипа од филмот, а најмногу внимание привлекол 61-годишниот Бред.

Тој носел елегантен, виолетов костум којшто му стоел совршено. Со класичните рамни линии, детаљ како свилено марамче и лежерна бела маичка наместо кошула, ја покажал својата препознатлива софистицираност и опуштеност.


Виолетовата боја е онаа која често го симболизира луксузот, духовноста и самодовербата, а тоа делувало природно на самиот актер, односно како да е создадено само за него.

Опуштен, насмеан и со кратка фризура, Бред повторно покажал дека стилот и харизмата кај него не бледнеат.


Што мислите вие за оваа модна комбинација на Бред Пит?



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk