Бразилската манекенка и инфлуенсерка Џанаина Празерес (35) открила дека потрошила повеќе од еден милион евра на пластични операции во обид да стане „најсовршената жена“ на светот, а потоа се нашла во неволја поради тоа.
Имено, Џанаина тврди дека била блокирана на апликациите за запознавање бидејќи била „премногу убава“ и дека затоа била принудена да бара љубов во реалниот свет.
Џанаина рекла дека алгоритмите и корисниците на апликациите кои го пријавиле нејзиниот профил, сметале дека нејзиниот изглед е премногу добар за да биде вистинит. Во интервјуто за „Гламур Бугарија“, таа рекла дека направила три различни профили, но секој пат била блокирана. Таа исто така додала дека е исцрпувачки да се биде премногу убава, пишува „Дејли мејл“.
„На почетокот мислев дека е некоја грешка, но откако создадов три различни профили и ме исфрлија од сите, сфатив дека се случува нешто друго. Само порачаа дека мојот профил изгледа неавтентично. Се обидов да се жалам, но никогаш не добив одговор“, објаснила инфлуенсерката.
Платформата за запознавање, која не ја именувала, навела кршење на упатствата, но никогаш не прецизирала зошто ги блокирале нејзините профили. Поради тоа, Џанаина одлучила да ги напушти апликациите за запознавање и да се врати на традиционалното флертување.
„Се вратив на она што го правеа нашите родители. Лежерни разговори, контакт со очите…“, споделила таа.
Џанаина, која има речиси 900.000 следбеници на Инстаграм, била „под нож“ 20 пати.
Меѓу бројните зафати низ кои поминала низ годините, манекенката правела целосна „хармонизација“ на лицето и филери, повеќекратна ринопластика, бразилско подигнување на задникот и затегнување на телото, што чинело вкупно околу 80.000 евра. Сепак, нејзината стара фотографија од пасошот ја покажува манекенката во поприродна состојба, со потемна боја на коса, малку поширок нос, помалку „вајана“ форма на лицето и посветла шминка.
Токму затоа таа била привремено задржана во имиграциската служба по пристигнувањето во Бразил во текот на неодамнешниот меѓународен лет, откако службениците ја довеле во прашање валидноста на нејзиниот пасош. Таа рекла дека службениците ја задржале 40 минути додека го испитувале нејзиниот идентитет на меѓународниот аеродром во Сао Паоло, каде што планирала да се качи на лет за САД.
„Секогаш мислев дека тоа може да се случи во одреден момент бидејќи мојот изглед значително се промени со текот на годините. Но, сепак, беше шок бидејќи никогаш не очекувате да бидете запрени на аеродромот кога не сте направиле ништо лошо. Полицајците поставија неколку прашања, дури и ја споредија мојата фотографија од пасошот со други фотографии пред да ми дозволат да влезам во земјата“, објасни Џанаина.
Поради непријатностите, таа го обновила пасошот со ажурирана фотографија.
„Не сакав повторно да поминувам низ таква непријатност. Штом пристигнав на мојата дестинација, почнав да истражувам што ми треба за да добијам нов документ со понова фотографија. Совршенството има своја цена“, рекла манекенката.
Џанаина беше прогласена за „совршена жена“ од „Плејбој“ во Норвешка во 2023 година. Откако доби признание од познатото списание за возрасни, таа отворено проговори за тоа како неколкупати била под нож. Бразилката верува дека убавината е тајната на подобар живот.