Мајстор за клими објасни: Грешки кои многумина ги прават во текот на топлите денови, па потоа имаат главоболки

Точка

11/06/2025

12:37

13.213

Големина на фонт

а а а

Деновиве преживувањето без клима-уред е речиси невозможно, а за да не останете без ладење поради честа грешка послушајте ги следните совети на мајсторот за клима уреди.

Мајсторот Владимир Дујаковиќ откри за Danas.rs што можете сами да направите кога станува збор за клима уредот и што е тоа што мора мајсторот да го направи, како и дали е подобро клима уредот да работи цел ден или да се вклучува и исклучува.


Како сами да го исчистите клима-уредот

„Можете сами да ги отворите и извадите филтрите. Секој треба да го прави ова секој месец. Ако видите дека филтрите не се многу валкани, доволно е да ги измиете со млаз топла вода. Нема потреба од детергент или какво било друго средство за перење. Останатите делови можете да ги избришете со влажна крпа, но само површно“, рече Владимир и додаде дека останатото треба да му се препушти на мајсторот.


Според порталот, целиот процес на сервисирање трае околу 45 минути до еден час за целосно чистење на клима уредот. Се отстранува турбината, вентилаторот што дистрибуира ладен или загреан воздух во просторијата. По проверката на надворешната единица и општата состојба, постапката е завршена.

Проветрувајте ја просторијата на секои два или три часа

„Треба да се води сметка за потрошувачката на електрична енергија, но треба да запомните дека домашните клима уреди не внесуваат свеж воздух однадвор. Просторијата треба да се проветрува на секои два до три часа, за да се избегнат главоболки поради недостаток на кислород во просторијата. Ако имате главоболка, можеби клима уредот бил валкан или прозорецот бил предолго затворен“, објасни мајсторот.


Дујаковиќ одговори и на една од честите дилеми – дали е добро клима уредот да работи постојано во текот на топлите денови или треба повремено да се исклучува?

„Најдобро би било климата да работи постојано, наместо да се вклучува и исклучува на секој час“, истакна тој.