[ВИДЕО] Георгина Родригез е бремена? Снимката од финалето на Лигата на нации привлече особено внимание

Точка

11/06/2025

15:18

1.563

Големина на фонт

а а а

Георгина Родригез присуствуваше на финалето на Лигата на нации во кое Португалија ја победи Шпанија по изведување пенали, но нејзиниот стомак привлече посебно внимание, поради што обожавателите се запрашаа дали инфлуенсерката е повторно бремена.

Имено, снимката споделена на една од фан-страниците ја прикажува Георгина како стои во ложата на „Алијанц Арена“ и ја држи раката над стомакот, кој изгледаше доста заоблено.

Поради ова, многумина обожаватели помислија дека инфлуенсерката е бремена и се прашуваа дали таа и Кристијано Роналдо очекуваат бебе.

Инаку португалскиот фудбалер го прослави освојувањето на Лигата на нации во друштво на својата партнерка Родригез, а заедно позираа со пехарот.


Фотографијата ја споделија и Кристијано и Георгина, а покрај онаа на која прегрнати позираат држејќи го пехарот, инфлуенсерката објави и неколку други фотографии од натпреварот.


Двојката има пет деца, а Георгина е биолошка мајка на Алана Мартина и Бела Есмералда.

Потсетуваме, Роналдо го има 14-годишниот син Кристијано Џуниор, но идентитетот на неговата биолошка мајка сè уште е непознат, а ги има и близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка.


По финалето на Лигата на нации, Георгина се појави на прославата по повод 10-годишнината од Нетфликс во Шпанија, а за таа пригода носеше корсет фустан кој имитира долна облека. Во текот на ова појавување, нејзиниот стомак беше скриен под црната ткаенина, а фустанот корсет со прерамки беше изработен од еластичен сатен.