[ФОТО] Ана Ивановиќ и новата партнерка на Бастијан очи в очи! Папараците ја уловија жестоката средба на Мајорка – „жените“ на поранешниот фудбалер во училиште по нивните деца!

Точка

11/06/2025

17:38

3.705

Големина на фонт

а а а

Поранешната српска тенисерка се најде лице в лице со новата партнерка на Бастијан, Бугарката Силва, и тоа, ни помалку ни повеќе, пред училиштето на нивните деца!

Според германскиот Билд, Ана и Силва се појавиле да ги земат најмалите од престижното меѓународно училиште на Мајорка, кое го посетуваат и деца од бројни познати семејства.


На ексклузивните фотографии објавени на порталот „Билд“, може да се види дека двете ги кријат очите зад темни очила, додека нивните комбинации се чиста спротивност.

Ана останала доследна на себе, во спортски аутфит, фотографирана пред училиштето гледајќи во телефонот, додека Силва, од друга страна, била во сосема поинаков стил. Бугарката се појавила во тесен краток фустан кој ги истакнувал нејзините облини.


Да потсетиме, Ана и Бастијан важеа за еден од најхармоничните спортски парови, сè додека веста за разводот не ја шокирала јавноста. Иако и двајцата останаа молчаливи во јавноста, се чини дека работите стануваат многу покомплицирани зад сцената отколку што претходно сакаа да признаат.


Како започна приказната на Ана и Бастијан?

Нивните симпатии започнале од хуманитарни причини, имено во август 2014 година, Ана учествувала во „Предизвикот со ледена кофа“ (Ice Bucket Challenge) како дел од хуманитарна кампања за подигање на свеста за амиотрофичната латерална склероза, или Лу Геригова болест.


Таа одговорила на поканата на нејзината колешка Петра Квитова и била полиена од нејзините тренери Златко Новковиќ и Дејан Петровиќ, а ги предизвикала своите тениски колеги Роџер Федерер и Серена Вилијамс, како и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Бастијан како веќе да знаел дека ќе стапне на лудиот камен со Ана, па возвратил со номинација на нејзиниот брат Милош.