[ФОТО] Димитар Апасиев стана татко по вторпат: Сопругата Тамара на свет ја донесе ќерката Сара

Точка

11/06/2025

21:26

2.775

Големина на фонт

а а а

Најголемиот бунтовник на нашата политичка сцена, овојпат денес на својот Фејсбук профил објави нешто сосема поинакво од политички дебати и пречкања.

Имено, тој и неговата сопруга Тамара Јованов станаа по вторпат родители. Уште една радост во нивниот дом. Универзитетскиот професор и лидер на политичката партија „Левица“, се огласи со фотографија од него и Тамара и кратко напиша: „Се роди Сара. Фала ви на сите. Па и на ваши глави!“.

Се роди Сара 🥰


#ФалаВиНаСите

#АјПаИНаВашиГлави

Posted by Димитар Апасиев on Wednesday 11 June 2025

Апасиев и Јованов – професорка на Економскиот факултет во Штип веќе го имаат синот Исак.

Тимот на Точка им честита на родителите, а на Сара ѝ посакува спокојно и безгрижно растење.