Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува наскоро да започне напад врз Иран, објави утрово „Њујорк тајмс“.
Тоа е потег што може дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор што би спречил развој на иранско нуклеарно оружје.
Соединетите Американски Држави го намалуваат бројот на својот несуштински персонал во земјите од Блискиот Исток, откако проценките дека тензиите во регионот се зголемиле бидејќи преговорите на САД со Иран за нуклеарната програма на Иран се чини дека „западнале во ќорсокак“, соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека на несуштинскиот персонал од амбасадите на САД во Ирак, Бахреин и Кувајт му е наредено да ги напушти тие земји, објави АП.
Трамп веќе го отфрли израелскиот план за напад, инсистирајќи дека сака да преговара со Техеран за договор што би ја ограничил способноста на Иран да произведува нуклеарно гориво. Пред две недели, тој рече дека го предупредил Нетанјаху да не започнува напад додека траат преговорите меѓу САД и Иран.
Во меѓувреме, Министерството за одбрана на САД објави доброволно заминување на членови на семејствата на воениот персонал од локации низ целата област на операции на Централната команда на САД.
Соединетите Американски Држави го намалуваат бројот на несуштински персонал на Блискиот Исток, по проценките дека тензиите во регионот се зголемиле бидејќи преговорите на САД со Иран за нуклеарната програма на Иран се чини дека „западнале во ќорсокак“, соопшти Стејт департментот утрово.
Во соопштението се наведува дека на несуштинскиот персонал од амбасадите на САД во Ирак, Бахреин и Кувајт му е наредено да ги напушти тие земји, објави АП.
На членовите на семејствата на персоналот исто така им е наредено да ги напуштат тие земји.
Претходно, Ројтерс објави, повикувајќи се на неименуван американски функционер, дека специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира да се сретне со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во Оман во недела за да разговара за одговорот на Иран на неодамнешниот предлог на САД во врска со нуклеарниот договор со Иран.
Иран во понеделникот објави дека наскоро ќе презентира контрапредлог за нуклеарен договор со САД како одговор на понудата на САД, за која рече дека Техеран ја смета за неприфатлива.
Трамп во понеделникот изјави дека разговорите меѓу САД и Иран ќе продолжат, нагласувајќи дека е помалку уверен дека Иран ќе се согласи да престане со збогатување на ураниум според договорот со Вашингтон.
Американските разузнавачки информации покажуваат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран, според Ројтерс.