[ВИДЕО/ФОТО] „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Макфакс

12/06/2025

14:21

5.373

Големина на фонт

а а а

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути по полетувањето врз зграда на лекарски дом во кампусот на наставна болница.

Според официјалните информации, во авионот на летот AI171 имало 232 патници и 12 членови на екипажот.

Сè уште нема информации за бројот на загинати, но странските медиуми објавуваат дека најверојатно има многу жртви. Според полицијата, повеќе од 100 тела се донесени во болница во Ахмедабад.

Индиските медиуми известуваат дека неколку лекари и студенти ги загубиле животите. Индиската полиција објави фотографии на кои се гледа опашката на авионот како виси од работ на зградата.