Манчестер Сити блиску до потписот на голем норвешки талент

Дерби

12/06/2025

07:43

540

Големина на фонт

а а а

Разочарувачката сезона го натера Манчестер Сити да биде посебно активен во овој преоден рок, а по неколку добиени потписи, премиерлигашот ја продолжува и офанзивата на трансфер сцената.

Англискиот клуб е блиску до потписот на норвешкиот вундеркинд, Свер Нипан, 18-годишен фудбалер на Розенборг и еден од најголемите таленти во скандинавската земја.


Сити одамна го следи Нипан, преговори имало и минатото лето, но сега ситуацијата е поконкретна и Нипан е блиску да биде потенцијален соиграч на Ерлинг Халанд.

Се очекува тинејџерот првата сезона да игра на заем во редовите на Џирона, клуб кој има иста сопственичка структура со Сити.

Засега не е позната сумата која Сити ќе ја плати, но сигурно ќе биде рекорд за норвешката лига.