Холанѓаните сè помалку загрижени за климатските промени – приоритет им се „поитните" проблеми

Точка

12/06/2025

22:02

624

Големина на фонт

а а а

Жителите на Холандија се сè поинформирани за климатските промени, но оваа тема губи на итност, особено кај младата популација, покажува истражувањето на агенцијата „Ипсос“.

Локалните прашања како што се домувањето и миграциите сè повеќе се наоѓаат во фокусот кај младите, додека климатските промени и нивните последици се турнати во втор план. Наместо тоа, вниманието е насочено кон американскиот претседател Доналд Трамп, како и војните во Газа и Украина.


„Заглавени во системот“

Во истражувањето, објавено од "NL Times", се наведува дека младите се свесни за катастрофалните последици што ги носат климатските промени, но темата ја доживуваат како „апстрактен поим“ со малку опипливо влијание врз нивната непосредна околина.

„Тие гледаат дека проблемот постои, но чувствуваат дека се спречени на сите можни начини да преземат нешто во врска со тоа“, вели истражувачката на „Ипсос“, Мартје ван Вил.

„Тие го опишуваат своето чувство како заглавеност во системот и немање излез. Ако компаниите и државите не преземат мерки, зошто мојот личен труд би значел нешто?“, додава таа.


Обесхрабрена младина

Обемот на климатската криза предизвикува обесхрабрување кај младите кога размислуваат за иднината.

Додека 51 отсто од сите Холанѓани имаат песимистички став за тоа како ќе изгледа светот за идните генерации, истиот став го делат 59 отсто од младите на возраст од 18 до 24 години, како и 63 отсто од оние меѓу 25 и 34 години.