Сахарска прашина пристигна во Европа – експертите предупредуваат на град и невреме!

Точка

12/06/2025

21:04

5.390

Големина на фонт

а а а

Честички од пустинскиот песок може да ги покријат автомобилите и прозорците ширум западна Европа, како и привремено да ја намалат ефикасноста на соларните електрани.

Топлотниот бран што пристигна од Сахара ја зафати Европа оваа седмица, носејќи екстремни температури, но и облаци со сахарска прашина, пренесува "Bloomberg".

Метеоролошките служби во Шпанија и Португалија веќе издадоа портокалови предупредувања поради потенцијални невремиња во северозападните региони, вклучувајќи ја Кастиља и Леон, како и северна Португалија. Се очекува топлотниот бран да се прошири кон исток и север, зафаќајќи ја Франција и Обединетото Кралство до крајот на неделата.

Absolutely insane amount of haze from Canadian wildfires, mixed with some Saharan dust from the south, and general haze...

Posted by Severe Weather Europe on Thursday 12 June 2025


Температурите ќе бидат над просекот за ова време од годината: во Рим се очекуваат и до 36°C, додека Лондон и Париз ќе достигнат 27°C, односно 31°C. Во Франција и Велика Британија се најавуваат обилни врнежи, град и грмежи.

Заедно со невремето, предвидено е и ширење на сахарската прашина. Честичките песок може да ги прекријат автомобилите и прозорците низ западна Европа, како и да ја намалат продуктивноста на соларните панели.


Според експертите, прашината од Сахара пристигна во комбинација со чад од шумските пожари во Канада. Иако песочните честички обично се задржуваат во повисоките слоеви на атмосферата, овојпат, заедно со чадот, се спуштија поблиску до површината. Тоа резултираше со зголемено загадување на воздухот и визуелни ефекти како обоени неба и замаглени хоризонти. Токму овој феномен е причината поради која небото последниве денови изгледа поразлично.

Иако мај 2025 година беше нешто постуден од европскиот просек, на глобално ниво тоа беше вториот најтопол мај во историјата на мерењата – со просечна температура 1,4°C над прединдустриското ниво.