Цел свет зборува за 15-тото дете на Илон Маск: Се огласи наводната мајка – време е за вистината

Точка

14/06/2025

10:37

1.494

Големина на фонт

а а а

Познатата јапонска пејачка Ајуми Хамасаки, се огласила по повод гласините дека има дете со милијардерот Илон Маск.

Овие шпекулации се појавија откако авторката Ешли Сент Клер, инаку мајка на 14-тото дете на Илон Маск, изјавила дека Маск наводно има дете со една позната јапонска ѕвезда. Фановите веднаш почнале да погодуваат дека станува збор за Ајуми Хамасаки.

„Следам сѐ што се случува и мислам дека е време да се огласам. Илон Маск не е татко на ниту едно мое дете“, напишала Ајуми на Инстаграм, пренесува „Tokyo Weekender“.

Инаку, Хамасаки има двајца синови со двајца различни мажи, но никогаш јавно не го открила идентитетот на татковците на децата.


„И мојата мајка се смееше кога ја слушна таа приказна“

Пејачката се пошегувала на сметка на гласините, признавајќи дека помислата на тоа би била во состав со нејзиниот дух.

„Дури и мојата мајка се насмеа кога ги слушна гласините, и рече: Ова навистина звучи како нешто што ти би го направила. Но, тоa едноставно не е вистина“, објаснила Ајуми.

Додала дека иако не е непознато за нејзиниот приватен живот да се шпекулира, постои нешто многу поважно од имиџот – нејзините деца.

„Кога моите синови ќе пораснат и ќе почнат да пребаруваат информации за мене на интернет, не сакам да наидат на вакви гласини и да помислат дека се точни. Затоа сега го демантирам тоа“, изјавила Ајуми.

Инаку, таа е најпродаваната соло уметничка во историјата на јапонската музика, со над 50 милиони продадени албуми. Поради тоа ширум Азија е наречена „кралица на поп музиката“.


Илон Маск и мистериозната Јапонка: Што пишува во пораките?

Според информациите кои ги објави „Wall Street Journal“, Илон Маск во 2023 година разменувал пораки со Ешли Сент Клер во кои кажал дека ќе се сретне со „јапонски претставници“ во врска со донирање сперма за позната жена од Јапонија.

„Делувало дека сето тоа го прави од алтруизам и од свое убедување дека луѓето како нив треба да имаат деца“, раскажала Ешли.

Во пораките Маск напишал:

„Сакаат да бидам донор на сперма. Без романтики, ништо лично, само сперма“.