Прогласена најопасната земја за патување во светот: И покрај тоа туристите масовно ја посетуваат

Точка

13/06/2025

16:00

11.540

Големина на фонт

а а а

Новото истражување кое го спровела платформата за финансиски анализи „Hellosafe“, открило која земја во светот е најопасна за патување.

Вкупно биле анализирани 35 критериуми за да се утврди кои земји се најбезбедни, а кои најопасни за странските посетители. Меѓу факторите се нашла и стапката на природни катастрофи, процентот на насилство во општеството, вклученост на вооружени конфликти, квалитетот на здравствената инфраструктура.

Филипини на дното на листата на безбедност

Според резултатите од истражувањето, Филипините се прогласени за најопасна земја на светот за одмор. Без оглед на неславното прво место, земјата и натаму привлекува голем број туристи, над 5,4 милиони меѓународни посетители престојувале таму во текот на 2024 година.


Зошто Филипините се опасна земја за патување?

Во одредени делови од земјата, особено во јужните региони, присутни се вооружени конфликти. Во поголем дел од градовите, забележани биле и случаи на кражби, киднапирања и измами, вклучувајќи и инциденти во кои биле вклучени туристи.

Филипините се наоѓаат на т.н. Пацифички огнен прстен, подрачје кое е исклучително активно кога станува збор за земјотресите, ерупциите на вулканите и цунами. Исто така земјата редовно е погодена од тајфуни и поплави, што може дополнително да ја загрози безбедноста на патувањето.

Колумбија

На второто место на листата се наоѓа Колумбија која се нашла тука поради процентот на насилство во општеството. Но, ниту тоа не ги предомислува туристите да ја посетат земјата, во 2024 година забележани биле 6,2 милиони странци кои ја посетиле.


Мексико, трета најопасна држава, но и една од најпосетените

Третото место го зазел Мексико, без оглед на статусот на една од најопасните земји, таа е многу посетена. Баш како Колумбија и Мексико е високо рангиран на оваа неславна листа поради високата стапка на насилство во внатрешноста на општеството. Во 2024 година оваа земја ја посетиле околу 45 милиони меѓународни туристи.


Индија, Русија и Сирија исто така меѓу најопасните

На листата на најопасни земји за меѓународни туристи се нашла и Индија, додека пак Русија, Јемен, Сомалија, Иран и Сирија исто така влегле во топ 10 најопасни дестинации.


Најбезбедни земји: Исланд, Сингапур и Данска

На другиот крај од листата, Исланд е прогласен за најсигурната земја за туристите, а веднаш зад него се наоѓа Сингапур. На третото место е Данска, додека пак Австрија и Швајцарија ги заокружуваат топ 5 земјите кои се најбезбедни за туристите. Во десетте најбезбедни земји се сместиле и Чешка, Словенија, Финска, Ирска и Унгарија.