[ВИДЕО] Без милост ни кон дамите: Бонучи „покоси“ фудбалерка на хуманитарен натпревар

Точка

16/06/2025

13:09

583

Големина на фонт

а а а

За време на традиционалниот хуманитарен натпревар „Soccer Aid“ на стадионот „Олд Трафорд“, поранешниот италијански репрезентативец Леонардо Бонучи се најде во центарот на вниманието поради необичен потег – старт со двете нозе врз англиската фудбалерка Стеф Хоутон.

Во натпреварот помеѓу поранешни англиски репрезентативци и тимот на „остатокот од светот“, Бонучи реагираше како во своите најдобри натпреварувачки денови – бескомпромисно, иако стануваше збор за ревијален меч.

Неговото остро лизгање врз Хоутон предизвика негодување кај публиката, која реагираше со свирежи. Судијата не досуди прекршок, па играта продолжи.

„Soccer Aid“ собра 18 милиони евра

Натпреварот, кој секоја година се одржува од 2006-та по иницијатива на музичарот Роби Вилијамс, има за цел да собере средства за УНИЦЕФ. Оваа година е собран рекорден износ од 18 милиони евра.