Актуелниот шпански шампион Барселона е на добар пат оваа седмица официјално да го затвори првото засилување за новата сезона, засилување на голманската позиција.
Нов член на каталонците ќе биде 24-годишниот Жоан Гарсија кој за многумина беше најдобар голман во Ла Лига во натпреварувачката 2024/2025.
Со оглед на тоа што тој е член на Еспањол, повеќе од јасно беше дека ќе има преговори со Барселона и клубот од „Камп Ноу“ ја активираше откупната клаузула. Ла Лига за ова веќе го известила Еспањол и тоа го потврди и Растар груп кој е сопственик на прволигашот.
Барса ќе плати вкупно 26.3 милиони евра и Гарсија се очекува да потпише договор до 2031 година. Се очекува голманот утре да биде потврден како нов член на великанот.