Работата на крузер за многумина е опција за заработка, иако е познато дека не е нималку лесно да се работи на големите бродови.
Колку може да се заработи месечно, како и дали се исплаќа, открило едно момче кое работи на крузерите од 2013 година.
Крис е јутјубер и менаџер на казино на брод за крстарење. Во својата објава споделил колку заработува месечно во 2025 година и како успева значајно да заштеди во тој процес.
Крис отворено зборувал за својата професија на својот Јутјуб канал, па јавно споделил свој платен список од крузерот. Иако заработува прилично пристојна плата на „Royal Caribbean“, неговата единаесетта и последна смена ќе биде на бродот „Allure of the Seas“.
Во видеото тој открил колку заработил во текот на јануари 2025 година. Вработените се платени во интервали од две недели, така што добил два платени списоци: еден во износ од 1.890,21 долари, а друг за 1.450,09 долари, што изнесува 4.340,30 долари (околу 3.993,08 евра) за јануари, а многумина во коментари напишале дека се изненадени од износот.
„Како активен член на посадата, кога првпат ќе се качите на крузерот и ќе потпишете, отворате сметка во банка која се вика плата на море. На секои две недели мојата плата се става на таа американска сметка и можам да правам што сакам со неа. Можам да ја ставам таа картичка во банкомат и да си извадам пари. Можам да ја користам како дебитна картичка за купување, ресторани, продавници, каде и да посакам“, открил тој.
Платата може значајно да варира, во зависност од големината на бродот и рутата на патување.
„Во зависност од тоа на кој брод се наоѓате, тоа во голема мера ќе влијае на тоа колку пари може реално да заработите, дали тоа е голем брод, мал брод и каде се наоѓате во светот. Нашите бродови на кои членовите на посадата потенцијално можат да заработат најмногу пари се оние во САД во текот на карипската сезона“.
Неговата максимална месечна плата изнесувала 5.000 долари додека работел како асистент.
Поради тоа што живее на брод додека работи, неговата плата не ја троши на изнајмување стан, автомобили или слични трошоци.
„Успеав да заштедам многу пари работејќи за оваа компанија. Секако, заработувам и од својот Јутјуб канал. Кога ќе ја соберам платата од бродот за крстарење и приходот од огласот на Јутјуб, добивам прилично добра сума годишно“.