Манчестер Сити по долго време ќе почне нова сезона без Кевин де Брујне во составот, а заминувањето на Белгиецот во редовите на Наполи е одлична вест и за премиерлигашките ривали.
Тоа го потврди Вирџил ван Дајк, кој дал интересна изјава кога требало да го искоментира заминувањето на Де Брујне.
– Кевин е специјален играч и прави специјални работи на теренот дури и на оваа возраст.
– Секогаш било тешко да се игра против него, никој не сака да му биде противник, така што се радувам што ќе го нема во тимот на Сити во новата сезона, – рекол Ван Дајк.
Де Брујне веќе е промовиран како засилување за Наполи и тоа е потврда дека првпат во кариерата ќе игра во Серија А.