Тргнала да го бакне, а потоа „ладен туш“: Видеото од Бред Пит и неговата 29 години помлада девојка е непријатно за гледање

Точка

20/06/2025

08:27

5.554

Големина на фонт

а а а

На светската премиера на филмот „F1“ во Њујорк, Инес де Рамон го следела Бред Пит, а во еден момент се обидела да го бакне.

Бред Пит повторно привлече внимание во јавноста, но овојпат поради необичната ситуација која се случила на црвениот тепих.

На премиерата на филмот „F1“ во Њујорк, актерот го избегнал бакнежот на својата девојка Инес де Рамон, што не поминало незабележано од страна на камерите и корисниците на социјалните мрежи.

Откако експертката за говор на тело Џуди Џејмс за британски „Daily Mail“ изјавила дека љубовната врска на Бред Пит е „на стаклени нозе“, мислејќи на изразената нескладност во невербалната комуникација, на социјалните мрежи се споделува видео кое предизвика чувство на блам.

Мислењето на многумина е дека Инес де Рамон има улога на „главна“ личност во врската, но видеото го покажува токму спротивното затоа што фатен бил моментот во којшто таа непријатно „извршила“ бакнување.

На светската премиера на филмот „F1“ во Њујорк, убавата дизајнерка на накит го следела својот партнер, а во еден момент се обидела да го бакне. Меѓутоа, моментот довел до разочарување затоа што Пит умешно го избегнал бакнежот за да се сврти и да разговара со друга жена која им се приближила.

На социјалните мрежи почнале да се нижат разни коментари во кои корисниците се потсмеваат со избегнувањето на бакнежот, а некои ги нарекле и „лажен пар“.