Селена Гомез и Хејли Бибер повторно во „војна“?

Точка

20/06/2025

16:31

580

Големина на фонт

а а а

Актерката и пејачка Селена Гомез и моделот Хејли Бибер повторно ја вознемирија јавноста откако престанаа да се следат една со друга на социјалните мрежи, пишува "Daily Mail". Фановите на двете ѕвезди брзо го забележаа овој детаљ, а многумина беа изненадени, бидејќи Селена и Хејли со години негираа каква било нетрпеливост меѓу нив.

Отсекогаш се шпекулирало дека меѓу нив има тензии поради пејачот Џастин Бибер. Селена беше со него во турбулентна врска што траеше со прекини до 2018 година, а веднаш по нивната разделба, Џастин започна врска со Хејли, со која подоцна се ожени и го доби синот Џек Блус.

И Селена и Хејли се трудеа да ги смират гласините, а во 2022 година дури и позираа заедно за да покажат дека нема „лоша крв“ меѓу нив. Селена јавно ги повика своите фанови да престанат да ѝ испраќаат пораки со омраза на Хејли, а во 2023 година двете повторно се следеа на Инстаграм.


Хејли дури ѝ лајкна објава на Селена во која таа соопшти дека се свршила со музичкиот продуцент Бени Бланко, а Селена ѝ возврати со лајк на објава во која Хејли ја најави достапноста на нејзиниот козметички бренд "Rhode" во продавниците "Sephora" – кои истовремено се и главен дистрибутер на "Rare Beauty" на Селена.

„Селена виде дека Хејли се збогати повеќе од неа и пукна од љубомора“, „Селена нема зошто да биде љубоморна, повеќе би требало да биде обратно“, „Повторно оваа глупава драма … Колку сме веќе уморни од ова“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.


Минатиот месец Селена беше обвинета дека индиректно ја „пецка“ Хејли, откако нејзиниот бренд "Rhode" беше преземен од страна на компанијата "E.l.f. Cosmetics" – иако Хејли останува на позицијата основач и шеф за развој и иновации. Само ден по објавата за преземањето, "Rare Beauty" објави две фотографии од неа со кратка порака: „Сè уште сме тука“.