Најмоќните сојузници за здраво срце и намалување на холестеролот: Кардиолог открива 5 намирници кои ги користи секојдневно

Точка

21/06/2025

12:16

851

Големина на фонт

а а а

Здравото срце е темел на долг и квалитетен живот. Според зборовите на д-р Елизабет Клодас, американски кардиолог, најважниот сојузник во борбата против лошиот холестерол не се скапите лекови туку растителните влакна.

„Намалувањето на лошиот холестерол е еден од најефикасните начини за превенција на срцеви заболувања, а најмоќен природен сојузник во овој процес се растителните влакна“, истакнала докторката.

Докторката издвоила пет намирници кои редовно ги јаде за да го зачува здравјето на срцето и да го намали холестеролот.

Овесни снегулки

Половина шолја дневно обезбедуваат одлична количина растителни влакна, а дополнителна предност се антиоксидантите кои помагаат во функцијата на крвните садови и го намалуваат крвниот притисок. Овесот може да се консумира и сиров или варен со боровинки и цимет.


Леблебии во салата, чорба или печени за грицкање

Леблебиите се богати со калиум и магнезиум, клучни минерали за регулирање на крвниот притисок. Една шолја леблебии содржи околу 15 грама протеини, 12 грама растителни влакна и околу четвртина од препорачаното дневно внесување на железо.

Рукола – за силен имунитет и добар вид

Овој зеленчук е препознатлив по пикантниот вкус и е одличен извор на бета-каротен, којшто во организмот се претвора во витамин А, важен за здравјето на очите, кожата и имунитетот. Две шолји рукола содржат 10 калории и 1 грам растителни влакна.


Бадеми како секојдневна навика

Една дланка свежи бадеми содржат околу три и пол грама растителни влакна, шест грама протеини и речиси 40 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Е. Освен бадемите, чиа семките и лененото семе исто така се одличен извор на растителни влакна, протеини и омега-3 масни киселини.

Авокадо

Едно просечно авокадо содржи дури 14 грама растителни влакна. Освен тоа богато е со витамини, минерали и здрави масти и сето тоа има околу 300 калории.