Познатиот рапер не може да престане со обложувањето: Потрошил милиони, прави загуби, но и понатаму не се откажува

Точка

22/06/2025

14:46

1.053

Големина на фонт

а а а

Познатиот рапер призна дека изгубил огромна сума пари додека се обложувал, а дури и по таква загуба, не планира да престане.

Раперот Дрејк (38) се огласи преку Инстаграм приказна и призна дека изгубил 8 милиони долари на обложување во текот на изминатиот месец, пишува „Дејли мејл“.

„Морам да ја споделам и другата страна на обложувањето… Загубите се навистина луди во моментов… Се надевам дека наскоро ќе можам да ви покажам некои големи добивки, бидејќи се чини дека сум единствениот што никогаш не видел „Макс“, додека сите други го добиваат барем еднаш неделно“, напиша музичарот.


Дрејк ги откри своите планови за обложување пред шестиот натпревар од финалето на НБА, кој се одигра во четврток помеѓу Индијана Пејсерс и Оклахома Сити Тандер. Оклахома Сити Тандер тогаш беа на една победа од освојување на титулата во НБА лигата.

Дрејк верувал дека Тандер ќе станат шампиони, па затоа поставил два влогови на нив во вкупен износ од 800.000 долари. Еден од нив, влог од 200.000 долари со потенцијална добивка од 712.000 долари бил Тандер да ги победат Пејсерс од 6 до 10 поени разлика.


Тој, исто така, се обложил директно на победата на Тандер, без оглед на разликата, а вложил 600.000 долари за потенцијално да добие 222.000, меѓутоа тоа не се случи па Дрејк загуби дополнителни 800.000 долари.

Инаку Дрејк не е единствената позната личност склона кон обложување: телевизиската ѕвезда Ким Золчиак, актерот Бен Афлек, како и покојниот легендарен комичар Норм Мекдоналд, исто така беа познати по оваа навика. Дрејк се обложува со години, но и лошата среќа го следи со години, толку многу што стана синоним за „проклетство“, бидејќи многу од тимовите што јавно ги поддржал на крајот загубиле.