[ФОТО] Светот ја нарекува предаторка, а тој ја гледа како божица: Познатиот актер повторно ги згрози обожавателите со 23 години постарата сопруга

Точка

22/06/2025

15:57

1.963

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Арон Тејлор-Џонсон и познатата режисерка прошетаа на црвениот килим на премиерата на неговиот нов филм „28 години подоцна“, а неговите обожавателки повторно имаа негативни коментари.

Во светот на познатите личности постојат парови за чија љубов сите навиваат, но има и такви чија разделба би ги направила повеќето луѓе среќни, а Арон Тејлор-Џонсон и Сем Тејлор-Џонсон дефинитивно припаѓаат на оваа втора група. Меѓутоа, како што се чини тие ќе бидат среќно вљубени уште долго време.



Пред неколку дена, двојката присуствуваше на лондонската премиера на филмот „28 години подоцна“, трилер во режија на Дени Бојл, во кој Арон ја игра главната улога.


Актерот кој најчесто се споменува како кандидат за следниот Џејмс Бонд носел елегантни пругави панталони и елек, додека неговата 23 години постара сопруга и позната режисерка се решила за бел миди фустан без ракави.

Арон гледаше во режисерката на филмовите „50 нијанси – сиво“ и „Момчето кое не ветува“ како и обично, заљубено и со гордост, а голем дел од неговите обожаватели им упатија негативни коментари.


„Предаторка“, „Изгледаат како мајка и син“, „Колку и да се дотерува, таа изгледа како да му е мајка“, „Бев сигурна дека ќе се ослободи од неа, но сега се чини дека никогаш нема да ја напушти, тој е во нејзините канџи…“ беа дел од коментарите од читателите на „Дејли мејл“.

Бизарни детали за врската и бракот на Арон Тејлор-Џонсон

Необичната приказна на Арон и Сем Тејлор-Џонсон е една од најконтроверзните во Холивуд, бидејќи двојката е заедно уште од тинејџерските денови на актерот.

Наводно, Арон ја запознал режисерката кога имал 17 или 18 години, кога се пријавил на аудиција за улогата на Џон Ленон во нејзиниот филм „Момчето кое не ветува“.


„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам остатокот од животот со таа жена. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ѝ предложив брак“ изјави во една прилика Арон.

Исто така се појавија и гласини дека Сем всушност била пријателка на неговите родители и дека го познавала уште од негова 12-годишна возраст, па дури и го чувала кога бил мал.

Тие се венчаа во 2012 година и тогаш почнале да користат презиме кое е комбинација од нивните презимиња (тој го додал нејзиното „Тејлор“, а потоа неговото „Џонсон“).


Заедно ги добија ќерките Вајлда и Роми, додека актерот, на само 20 години, стана татко на ќерките на неговата сопруга од нејзиниот брак со Џеј Џоплинг, од кои најстарата е само седум години помлада од него.


И покрај негативните коментари и осудите од јавноста, парот никогаш не ја крие својата љубов и во секоја пригода изгледаат заљубено како во првите години.