[ВИДЕО] Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети: Си-ен-ен: САД ги потврдија нападите врз базите, Трамп е во Кризната соба

Макфакс

23/06/2025

19:31

4.929

Големина на фонт

а а а

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз американските воени бази на Блискиот Исток во рок од 48 часа.

Иранската државна телевизија го објави почетокот на операцијата на Иран „Добра вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, објави „Иран Интернешнл“.

„Скај њуз“ објави дека експлозии во моментов се слушаат над главниот град на Катар.

Веста ја пренесува и „Аксиос“, кој тврди дека 6 балистички ракети биле испукани од Иран кон Катар.

Како што пишува и британски „Гардијан“, експлозии беа пријавени во Доха, главниот град на Катар.

Претходно во текот на денот, оваа земја го затвори воздушниот сообраќај, а американската и британската амбасада ги известија своите граѓани да ја напуштат оваа земја, а сирените за воздушниот сообраќај беа активирани и во Ирак во воената база Аин ал-Асад, објавува и „Гардијан“.


Си-ен-ен: САД ги потврдија нападите врз американски бази, Трамп е во Кризната соба

САД следат повеќе ракети испукани од Иран кон американските воени бази во Катар и Ирак, објави Cи-ен-ен од двајца функционери.

Министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн се во Кризната соба, според официјален претставник на Белата куќа, како и американскиот претседател Доналд Трамп.


Висок официјален претставник претходно изјавил дека претставници на Белата куќа и Министерството за одбрана ги следат потенцијалните закани за напад на воздухопловната база Ал Удеид во Катар.

Трамп ја посети базата минатиот месец, првиот претседател што ја посети од 2003 година. Тоа е најголемата американска воена база на Блискиот Исток.

„Ниту една посета на Заливот не би била комплетна без да се застане и да се оддаде почит на луѓето што ја одржуваат Америка безбедна, силна и слободна“, им рече Трамп на војниците во базата на 17 мај.