Песков: НАТО мораше да направи чудовиште од Русија за да го зголеми буџетот за одбрана

Макфакс

24/06/2025

13:29

168

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека НАТО мораше да „направи чудовиште од Русија“ за да ги зголеми трошоците за одбрана од два на пет проценти од БДП.

„И од гледна точка на претставниците на НАТО, природно е дека нашата земја е најсоодветна за улогата на чудовиште“, рече Песков на прес-конференција.

Toj оцени дека НАТО е на патот кон неограничена милитаризација, објави РИА Новости.

„Алијансата се движи самоуверено по патот на неограничена милитаризација, Европа се движи по патот на неограничена милитаризација. Ова е реалноста што нè опкружува, ова е реалноста што ја имаме на ум“, рече Песков.

Песков рече дека е залудно да се обидува да му се каже на Западот дека нема закана од Русија, одговарајќи на барањето на новинар да коментира за изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Русија наводно би можела да ги нападне земјите од Алијансата, пренесува Танјуг.

Руте во понеделникot изјави дека на самитот на Алијансата во Хаг, кој започнува денес, ќе биде одлучено да се зголеми издвојувањето за одбрана на пет проценти од БДП на земјите-членки.