[ВИДЕО] Падна озлогласениот албански наркобос! Го ловеле со години, додека неговиот клан „владеел“ со светот: Конфискувани се луксузни автомобили и незамислива количина на готовина

Точка

24/06/2025

20:13

3.318

Големина на фонт

а а а

Дритан Ѓика (49), албански нарко-бос кој префрлувал тони кокаин од Јужна Америка во Европа и изградил империја вредна милиони долари, е уапсен во спектакуларна полициска акција во Абу Даби.

Ѓика поседувал голем број луксузни автомобили, недвижности и огромни количини готовина, кои минатата година беа запленети во големата операција „Пампа“.

За време на рацијата, полицајците пронашле пари скриени во бели пликови на различни места: во ранци, завиткани во ќебиња, во кутии, па дури и во чевли во плакар. Вкупно, за време на координираната рација, биле пронајдени околу 500.000 евра и 2,37 милиони долари во готовина.


Покрај тоа, за време на операцијата „Пампа“, како што полицијата ја нарекла рацијата во Еквадор и Шпанија, било запленето воено оружје, дванаесет луксузни автомобили и недвижности вредни 12 милиони евра. Уапсени се четириесет лица, претресени се 62 куќи, а биле ангажирани вкупно 800 полицајци.

Ова беше еден од најголемите удари против организираната трговија со дрога. Единствено Ѓика, шефот на целата операција, не беше уапсен во тоа време.

Сепак, во мај дојде до пресврт: Ѓика беше уапсен во Абу Даби. Апсењето беше овозможено благодарение на блиската соработка меѓу Европол, Интерпол и полицијата на Обединетите Арапски Емирати.

Дури во понеделникот шпанската полиција го потврди апсењето на нарко-босот.

Шпанското правосудство веќе побара екстрадиција на Ѓика. Дали нарко-босот веќе е екстрадиран во Шпанија или сè уште се наоѓа во притвор во Абу Даби, не е познато од безбедносни причини.

Истражителите открија дека Ѓика наводно купувал по четири тони кокаин секој месец од колумбиската нарко-мафија. Според полицијата, тој лично го координирал целиот процес – од набавката до транспортот и дистрибуцијата во Европа.


Бандата ја криела дрогата во гајби со овошје. Извозните компании под контрола на Ѓика шверцувале кокаин од еквадорското пристаниште Гвајакил ширум светот. Робата често завршувала во Хамбург, Антверпен и Ротердам – но и во Санкт Петербург, Драч во Албанија, Џоја Тауро во Италија и Констанца во Романија.

Бандата го перела профитот од шверцот на кокаин преку сложена мрежа на компании. Според полицијата, парите се вложувале во недвижности, ресторани и објекти за забава – типичен образец на организиран криминал.