Иран: Подготвени сме да ги решиме разликите со Америка

Макфакс

24/06/2025

19:25

480

Големина на фонт

а а а

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека Техеран е подготвен да ги реши разликите со САД врз основа на меѓународни рамки.

Според официјалната иранска новинска агенција ИРНА, како што пренесува „Ројтерс“, Пезешкијан ја даде изјавата за време на телефонски разговор со саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман.

Во меѓувреме, началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека армијата е „на крајот од значајно поглавје, но кампањата против Иран не е завршена“, објави „Ројтерс“.

Замир рече дека моменталниот фокус на армијата е враќање во Газа за враќање на израелските заложници и „демонтирање на владеењето на Хамас“.

По веста за прекин на огнот, ирачкиот воздушен простор е повторно отворен за меѓународни пристигнувања и заминувања до и од Техеран.