Ирански амбасадор: Не сме му благодарни на Трамп за прекинот на огнот

Макфакс

24/06/2025

21:06

517

Големина на фонт

а а а

Иранскиот амбасадор во Велика Британија, Сајед Али Мусави, даде интервју за Скај њуз порано денес.

Со оглед на тоа што Иран претрпе повеќе штети и жртви од Израел во конфликтот, Мусави беше прашан дали е благодарен на американскиот претседател Доналд Трамп за договорот за прекин на огнот.

„Воопшто не, воопшто не“, одговори тој. „Бидејќи американскиот режим, како агресорски режим… знаете, имаме меѓународно право, имаме Повелба на Обединетите нации“.

Тој додаде дека има многу средства и начини за мирно решавање на споровите.

„Бевме подготвени да ги отстраниме сите двосмислености и недоразбирања“, рече тој.

„Слушајте, ако сакате да извршите злосторство против мојата земја, а од друга страна, треба да му се заблагодарам на агресорот? Тоа е многу смешно“, објасни Мусави.