Арсовска: Внукот на градоначалникот на Студеничани градел објект кога имал 5 години, а го легализирал на 6

Макфакс

27/06/2025

16:05

661

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, иронично објави дека внукот на Азем Садики, градоначалникот на ДУИ од Студеничани, на 5 години изградил објект, а на 6 години го легализирал.

„Предупредување ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!

Оваа нема да го видите на Сител, Алфа или на медиум каде што се штити организираната криминална банда на Висар Ганиу!

🛑Предупредување ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА‼️ Оваа нема да го видите на Сител, Алфа или на медиум каде што се штити...

Posted by Danela Arsovska on Friday, June 27, 2025

На 20.05.2025 година ВИСАР ГАНИУ и ЕЈУП АДЕМИ му овозможиле легализација на ЈАСИН САДИКИ, врз основа на барање кое го доставил до општина Чаир кога имал 6 години, за зграда која ја градел кога имал 5 години.

Јасин САДИКИ е внук на Азем САДИКИ, градоначалникот на ДУИ од Студеничани. Сигурно Азем е исклучително горд на достигнувањата на својот внук.Веројатно и вие би биле да имате внуци што градат на 5 години“, објави Арсовска.