Пејачот и актер Хари Стајлс пристигна во саботата на Ворти Фарм со пријатели за да уживаат на фестивалот Гластонбери, пишува „Дејли Мејл“.
Но, додека се забавуваа до раните утрински часови, Стајлс бил забележан со мистериозна жена во ВИП зоната. Во видеото, кое е споделено на социјалните мрежи, пејачот страсно се бакнува со жена на подиумот за танцување. Еден извор тврди дека двојката била неразделна.
Наводно, Стајлс пристигнал во ВИП-зоната со група пријатели, а потоа се појавила жена која го бакнала во образ неколку пати, по што тој ја однел на подиумот за танцување каде што размениле страсен бакнеж.
him wearing sunglasses in the dark like they’re making him less obviously harry styles can’t be the reason… right? bc he wears those everyday😭 https://t.co/raxu1ixjgc
— k . 。 * ♡ (@lightsupkk) June 30, 2025
„Искрите летаа веднаш штом се зближија. Само еден час по пристигнувањето, тие се бакнаа пред толпа луѓе и не изгледаше дека им е гајле кој ги гледа. И двајцата изгледаа како да се забавуваат одлично и се чинеше дека се познаваат веќе некое време бидејќи беа многу блиски“, рече изворот.
Последниот јавен бакнеж на ѕвездата беше со супермоделот Емили Ратајковски во Токио. Тие разменија неколку страсни бакнежи на улица, не грижејќи се кој ги гледа.
Ayer me corté el cabello, hoy las venas HARRY EDWARD STYLES https://t.co/zXlg54M8pU
— the bolter (@_smardybum) June 30, 2025
Минатата година, пејачот беше забележан како се бакнува со актерката Тејлор Расел, но тој се појави во јавност со неа дури три месеци подоцна. Двојката раскина во мај 2024 година, а пријателите тврдат дека заеднички одлучиле да ја прекинат врската откако поминале некое време заедно на Далечниот Исток.
Патем, Стајлс претходно беше поврзуван со голем број жени од А-листата – од Тејлор Свифт и Кендал Џенер, до француската манекенка Камил Роу и Оливија Вајлд.