[ВИДЕО] Завршен највисокиот мост во светот: Повисок е од Ајфеловата кула

Точка

01/07/2025

10:06

2.817

Големина на фонт

а а а

Во кинеската провинција Гуиџоу, завршен е највисокиот мост во светот – Грандиозниот мост над кањонот Хуаџијанг.

Импозантната градба над реката Бајпан и нејзиното корито изградена е на височина од 625 метри, што е повисоко дури и од Ајфеловата кула и Светскиот трговски центар во Њујорк.

Мостот е долг речиси три километри, додека главниот распон изнесува 1.420 метри. Тежи над 22.000 тони и го скратува патувањето низ длабокиот кањон од 70 минути на само две.


Изградбата траела три години, а мостот веќе се смета за едно од техничките чуда на современото инженерство.

Неговиот дизајн не е само функционален, туку и елегантен – може да издржи силни ветрови и нуди прекрасен поглед на драматичниот пејзаж. Мостот ќе понуди и туристички содржини како што се стаклен видиковец, кафулиња и адреналински атракции.


Свеченото отворање за сообраќај се очекува во наредните недели.

Со овој проект, Кина уште еднаш ги потврдува своите инфраструктурни амбиции и покажува дека дури и најпредизвикувачките терени не се пречка за технолошкиот напредок.