Најдобриот европски град за живот на деца: Училишни улици без автомобили и заштитени велосипедски патеки

Точка

01/07/2025

10:51

1.690

Големина на фонт

а а а

Студија спроведена од „Clean Cities Campaign“ анализирала училишни зони без сообраќај, безбедни брзини на возење и заштитена велосипедска инфраструктура, а француската престолнина ја освои титулата.

Париз е веќе познат како Град на светлината и Град на љубовта, но сега може да се пофали со нов прекар благодарение на кампањата „Clean Cities“: Град на инфраструктурни погодности за децата“.


Ова можеби не звучи толку романтично како неговите оригинални прекари, но признанието е поткрепено со податоци и урбани решенија фокусирани на потребите на децата. „Clean Cities Campaign“ е невладина организација која се залага за сообраќај што не ја загадува климата, а тие анализирале 36 европски градови според критериуми како што се училишни улици без автомобили, безбедна брзина на возење и заштитени велосипедски патеки. Париз го освои првото место со вкупен резултат од 75 отсто благодарение на многуте иницијативи приспособени за деца низ целиот град.


Така на пример градот почна да ги презема областите околу училиштата и да ги претвора во 220 „училишни улици“ кои се забранети за автомобили. Покрај тоа, ограничувањето на брзината од 30 км/ч стана стандардно, а велосипедските патеки се на секој чекор. Зошто? Сето тоа е дел од велосипедската револуција што го менува начинот на движење низ Париз, пишува „Time Out“.


Но, придобивките за децата не завршуваат тука. Париз е доста зелен, а дури 131 училишни дворови се трансформирани во пријатни игралишта-оази, а постојат и многу придобивки за семејствата: бесплатен јавен превоз за деца, субвенционирани воннаставни активности, бесплатни училишни материјали од прво одделение, 100% органски оброци во градинките и цени на ручек почнувајќи од 13 центи за семејства со ниски приходи.


Покрај тоа, повеќе од 20 училишта сега имаат училници на отворено, шест училишта имаат Јазична академија, Тумо Париз поттикнува дигитални вештини кај децата, а Климатската академија обликува еколошки свесни граѓани.


За време на летните распусти, 20.000 деца имаат можност да учествуваат во програмите на повеќе од 400 градски центри за слободно време – а сето тоа доаѓа со додаток на музеи, библиотеки и центри за позајмување играчки.


Првите три места на листата ги заокружуваат Амстердам, со 63 отсто Антверпен, кој е веднаш зад него со 62 отсто. Во продолжение листата на десетте најпријателски градови за деца во Европа:

1. Париз

2. Амстердам

3. Антверпен

4. Брисел

5. Лион

6. Хелсинки

7. Барселона

8. Бристол

9. Осло

10. Гент