[ФОТО] Дури и во екот на сезоната нуди поволни цени: Прекрасното медитеранско летувалиште со апартмани за двајца по цени почнувајќи од 45 евра

Точка

01/07/2025

18:57

1.990

Големина на фонт

а а а

Химара е прекрасен туристички бисер на Албанската ривиера. Тоа е град и општина на југот од Албанија во округот Валона – на брегот на Јонското Море – на приближно четири часа возење од Тирана.

Иако се гордее со своето прекрасно море и прекрасни плажи, туристите сепак не го посетуваат во толку голем бројка како, на пример, Саранда или Драч.


Плажите сè уште не се приватизирани и пливањето е претежно бесплатно, иако ќе треба да платите помеѓу 5 и 15 евра за чадори и лежалки – во зависност од плажата и барот на плажа. Додека сместувањето во Химара е значително поповолно отколку во попопуларните албански летувалишта.



Ќебап и пиво по 2,5 евра

Цените на Букинг за овој албански град се навистина изненадувачки. Имено дури и во екот на сезоната во јули и август, ноќевање за две лица во апартман на атрактивна локација може да се најде за само 45 евра. Сместување во хотел со три ѕвездички, од друга страна, може да се резервира по цена од 60 до 65 евра.



Исто така и храната е поевтина за разлика од хрватскиот брег на пример. Ќебап чини 250 леки, или околу 2,55 евра, додека за ручек во просечен ресторан ќе издвоите помеѓу 5 и 15 евра, а во малку поексклузивни места, од 20 евра па нагоре.



Шише вода од 1,5 литри во продавница ќе ве чини околу 100 леки или едно евро. Додека пиво во бар или ресторан, чини од 2,5 евра па нагоре – во зависност од брендот што ќе го изберете. Домашните брендови на пиво како што се „Birra Korça“ или „Tirane“ се генерално поевтини.


Кога ќе ви здодее од лежење на плажа и капење во Јонското Море, можете да се впуштите во истражување на стариот град и остатоците од замокот Химара на рид, кој нуди прекрасен поглед на околината.