[ФОТО] МВР со детали за трагичната несреќа на кејот: Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал

Макфакс

02/07/2025

14:41

2.933

Големина на фонт

а а а

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 19.30 часот кога во полиција било пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

🔴 УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО ЦЕНТАРОТ СКОПЈЕ: Излегол да фрли ѓубре, смртно го прегазиле пред прозорот на неговиот дом...

Posted by Sloboden Pecat on Wednesday, July 2, 2025

Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата, а стравичната несреќа се случила под прозорецот на станот во зградата во која живеел.

Негов познаник објави статус на Фејсбук во која пишува: „ Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот“.