[ВИДЕО] „Како непријатен дедо кој флертува“: Коментарот на Трамп упатен кон новинарка ги згрози социјалните мрежи

Точка

02/07/2025

21:20

1.874

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп предизвика бран критики на социјалните мрежи откако за време на официјален настан во Белата куќа ја нарече новинарката „прекрасна“ – и покрај советот од сопствената портпаролка да не го прави тоа.

Непријатниот момент се случил во петокот, на 27 јуни, за време на потпишувањето на мировниот договор помеѓу Демократска Република Конго и Руанда, организиран во Белата куќа. На церемонијата присуствувале министрите за надворешни работи на двете земји – Терезе Кајиквамба Вагнер од Конго и Оливие Ндухунгирехе од Руанда – како и американските сенатори Џеј Ди Ванс и Марко Рубио.

Во еден момент збор добила новинарката Харијана Вераш, дописничка од Ангола, која во своето обраќање го пофалила американскиот претседател за неговата улога во мировниот процес и изразила надеж за траен мир.

Трамп: „Знам дека не смеам да го кажам тоа“

Трамп ѝ возвратил со коментар што предизвикал поделени реакции:

„Тоа беше толку убаво и толку убаво кажано. Каролин (портпаролката Каролин Левит) ми рече веднаш: 'Немој да го кажеш тоа, тоа е политички некоректно...' Но таа рече дека си прекрасна. И навистина си прекрасна!“

„Знам дека не треба да го кажам тоа, нели? Тоа може да значи крај на мојата политичка кариера, но сепак ќе го кажам. Ти си прекрасна – и однатре и однадвор. Би сакал да има повеќе новинари како тебе“, додал тој.

Вераш му се заблагодарила, а, според очевидци, тонот на Трамп бил шеговит и опуштен.

Многумина го осудија

Сепак, реакциите на интернет не беа благи.

Корисници на „Reddit“ го нарекоа однесувањето на Трамп „морничаво“ и „непримерно“. Еден од нив напиша:

„Трамп во сред интервју ја нарекува новинарката ‘прекрасна’... Навистина морничаво однесување.“

Друг коментирал:

„Како непријатен дедо што флертува со келнерка (и не остава бакшиш).“

Од друга страна, неговите поддржувачи тврдат дека станува збор за безопасен комплимент, но критичарите предупредуваат дека вакви изјави испраќаат порака за неприфатливи стандарди во односот кон новинарки и жените воопшто.