Герет Бејл прилично рано реши да се повлече од фудбалот и да стави крај на играчката кариера, но како човек кој пронаоѓа среќа и мир далеку од омилениот спорт, сега е цврсто решен да се врати на голема сцена и да биде лидер на проект кој му е посебно драг.
Како што јавува угледниот „Гардијан“, американски конзорциум во кој како лидер се јавува Герет Бејл понудил 40 милиони фунти за откупување на најголем дел од акциите на Кардиф Сити, клуб кој доживува голем шок во последно време со испаѓањето во трета лига за првпат после 23 години.
Кардиф ќе се натпреварува во Лига 1 и клубот има потреба од свежа крв со нови идеи, а Бејл верува дека сопственикот Винсент Тан добил фер и прифатлива понуда, за која брзо се очекува да добие и одговор.
Понудата на Бејл е поддржана од американски бизнисмени кои имаат посериозен проект за Кардиф, па како прва цел секако се поставува враќање во Чемпионшип лигата, по што би се размислувало и за кам-бек во најелитната Премиер лига.
Актуелниот газда Винсент Тан има инвестирано околу 200 милиони фунти во Кардиф од 2010-та година, но големиот пад во квалитет и намалената репутација прават да биде ставен под сериозен притисок од понудата на Бејл, која многумина ја толкуваат и како обид да се спаси Кардиф Сити.